

DroneWash
- Проблем
- Чистење фасади со дрон е нова услуга и тешко се објаснува само со текст.
- Што направивме
- Сајт во кој дронот ја чисти зградата додека скролате, со пред/потоа на првиот кат. Услугата се разбира за неколку секунди.
Брзи сајтови на македонски и англиски, подготвени за Google и AI пребарувачите, со јасен пат до повик или порака. Од €190, готови од 3 работни дена.
Секој пакет го има ова. Разликата е во бројот на страници и во оптимизацијата за AI пребарување.
Сајтот се отвора за помалку од секунда и на мобилен интернет. Посетителите не чекаат.
Повеќето клиенти ве бараат од телефон. Секој сајт е дизајниран прво за мал екран.
Секој јазик на посебни страници, со правилни ознаки за Google.
Наслови, опис, sitemap и schema податоци, плус поставен Google Business профил.
Структура и одговори што ChatGPT и Gemini можат да ги прочитаат и препорачаат.
Копче за повик, форма за контакт и јасен следен чекор на секоја страница.
Цената е еднократна и ја знаете пред да почнеме. Деталите за секој пакет се во ценовникот.
Landing page за една услуга, производ или кампања.
До 5 страници, MK и EN, SEO и Google Business.
До 10 страници и оптимизација за AI пребарување.
Интерактивен или 3D сајт, brand book и 3 месеци одржување.
Четири чекори. Во секој знаете што следува и кога.
15 минути, бесплатно. Ни кажувате што ви треба, а ние ви предлагаме пакет и точна цена.
Ја гледате и ја одобрувате почетната страна пред да почне изработката.
Ги правиме сите страници, текстовите на македонски и англиски, SEO и Google Business профилот.
Сајтот оди онлајн, го пријавуваме на Google и ви покажуваме како да го користите.
Проблемот на бизнисот и како го решивме со сајтот.










Една страница чини €190, Старт €399, Бизнис €650, а Премиум од €1.000. Цената е еднократна. Хостинг и домен се плаќаат посебно, а одржувањето е €35 месечно.
Една страница: 3–5 работни дена. Старт: 7–10 дена. Бизнис: 2–3 недели. Премиум и веб-апликации: по договор, а рокот го потврдуваме писмено пред почетокот.
Да. Пакетите Старт, Бизнис и Премиум се на македонски и англиски, секој јазик на посебни страници, за да ги најде Google на двата јазика.
Секој сајт добива техничка SEO основа и Google Business профил. Пакетот Бизнис има и оптимизација за AI пребарувачи како ChatGPT и Gemini.
Да. Хостингот и доменот се на ваше име и ги плаќате директно. Ние ви помагаме да ги изберете и поставите.
Бесплатно и без обврска. Кажете ни што ви треба, а ние ќе ви кажеме како и колку чини.
Најчесто одговараме во рок од 2 часа · пон–саб