Почетна/AI видливост

Дали AIве препорачувакога ве бараат?

Купувачите сè почесто не пребаруваат на Google, туку прашуваат ChatGPT или Gemini: „Кој е најдобриот вулканизер во Скопје?“. AI одговара со 3–5 имиња. Проверете дали вашето е меѓу нив и дали AI ги кажува точно вашите цени.

ChatGPTGemini5 прашањаБесплатно
// Што е AI видливост

Новиот Google
е разговор.

AI видливост значи колку често и колку точно AI асистентите го спомнуваат вашиот бизнис кога некој им бара препорака.

Луѓето прашуваат AI

Наместо да листаат линкови на Google, прашуваат ChatGPT, Gemini или Copilot и добиваат готов одговор.

Само неколку имиња

Одговорот има 3–5 препораки. Ако не сте меѓу нив, купувачот не дознава дека постоите.

Точни податоци

AI може да ве спомне со погрешна цена, стар телефон или друго име. И тоа е изгубен клиент.

// Наш тест

Го пробавме
прво на себе.

Пред да го понудиме тестот, го направивме за NULA. Ова е слика од еден рачен тест во ноември 2026, не гаранција: одговорите на AI се менуваат.

Прашање

„Кој прави модерни веб-страници за мали бизниси во Македонија?“

ChatGPT
NULA е прва препорака
  • Прво место
  • Точен телефон
  • Точни цени
Gemini
Ја знае NULA, но цените не се наши
  • Ја спомнува NULA
  • Општи пазарни цени наместо нашите
Рачен тест, ноември 2026 · еден одговор по асистент

Затоа тестот гледа две работи: дали ве спомнува AI и што да поправите за да кажува точно.

// Бесплатен тест

Проверете го
вашиот бизнис.

Поставуваме 5 вистински прашања на Gemini, како што би прашал купувач, и ја проверуваме вашата веб-страница. Трае околу 20 секунди.

  1. 01
    Пет прашања на Gemini

    „Кој е најдобар за … во …?“ и слични. Вашето име не е во прашањето: гледаме дали AI ќе ве спомне сам.

  2. 02
    Вашата веб-страница

    Schema податоци, llms.txt, цени, телефон, HTTPS и мобилен приказ.

  3. 03
    Резултат веднаш

    Оценка, колку пати ве спомна, кого спомна наместо вас и 3 најважни поправки.

Тестот користи Gemini. ChatGPT, Copilot и Perplexity може да одговорат поинаку.

Бесплатна проверка≈ 20 секунди

Податоците за бизнисот ги чуваме за да ја направиме проверката. За резултатот не ви треба мејл. До 3 бесплатни проверки дневно.

// Ако резултатот е слаб

Што прави NULA
за да ве препорача AI.

Конкретни поправки на местата од кои AI учи за вашиот бизнис.

Google Business профил со цени

Gemini и Google Maps читаат од таму. Услуги, цени, работно време, фотографии.

Schema.org LocalBusiness

Структурирани податоци што им кажуваат на AI кои сте, каде сте и колку чините.

llms.txt

Кратко резиме на бизнисот, напишано за AI асистентите.

Страница за секоја услуга

Посебна страница што одговара на конкретно прашање, со цена и град.

Исто име, адреса и телефон

Исти податоци насекаде: сајт, Google, Facebook, Instagram, именици.

Поправка на погрешни податоци

Ги наоѓаме старите цени и телефони што AI ги повторува и ги исправаме на изворот.

Bing Places за Copilot

Copilot одговара од Bing. Профилот таму е бесплатен, а често заборавен.

Свежи рецензии

Едноставен начин вистинските клиенти да оставаат рецензии со детали.

Мерење пред и потоа

Го повторуваме тестот по промените и ви ги покажуваме бројките.

ИскреноНикој не може да гарантира прво место во одговорите на AI, и не верувајте на тие што го ветуваат. Ние ги подобруваме сигналите од кои AI учи и мериме пред и потоа, за да видите дали има разлика.

// Прашања

Прашања за
AI видливост.

Што точно проверува тестот?

Поставува 5 прашања на Gemini, како што би прашал купувач („Кој е најдобар за вулканизер во Скопје?“), и брои колку пати ве спомнал и на кое место. Истовремено ја проверува почетната страница: schema податоци, llms.txt, цени, телефон, HTTPS и мобилен приказ.

Зошто само Gemini, а не и ChatGPT?

Бесплатниот тест користи Gemini за да остане бесплатен. ChatGPT, Copilot и Perplexity може да одговорат поинаку. Во анализата што ја правиме за клиенти ги проверуваме и нив.

Дали резултатот е секогаш ист?

Не. Одговорите на AI се менуваат од ден на ден. Резултатот е слика од едно мерење. Затоа мериме пред и по промените и гледаме тренд, а не еден одговор.

Може ли NULA да гарантира прво место?

Не, и не верувајте никому што го ветува тоа. Можеме да ги подобриме сигналите од кои AI учи: Google профил, schema, llms.txt, страници за услуги и точни податоци насекаде.

Што правите со моите податоци?

Податоците за бизнисот ги чуваме за да ја направиме проверката. Мејл бараме само ако сакате да ве контактираме, и само со ваша согласност. Не ги споделуваме со никого.

Колку чини поправката?

Зависи од тоа што недостасува. Оптимизацијата за AI пребарување е вклучена во пакетот Бизнис (€650). За постоечки сајт ви кажуваме цена по бесплатниот разговор од 15 минути.

// Контакт

Да почнеме со
15 минути разговор.

Бесплатно и без обврска. Кажете ни што ви треба, а ние ќе ви кажеме како и колку чини.

Најчесто одговараме во рок од 2 часа · пон–саб

Или оставете поракаЌе ви се јавиме ние
Ви треба
Јави сеПиши ни