Веб-страница за автосервис, градежна фирма или кафич: што мора да има

Сајтот на локален бизнис има една цел: посетителот да се јави или да дојде. Еве што мора да има, по тип на бизнис, со примери од нашите проекти.

Пет работи што ги има секој добар локален сајт

  • Повик од првиот екран. Копчето за повик треба да се гледа без скролање, особено на телефон.
  • Работно време и локација. Две прашања што секој клиент ги има пред да тргне кон вас.
  • Јасни услуги. Што правите, за кого и, ако може, од која цена.
  • Вистински фотографии. Вашиот простор и вашата работа, не фотографии од интернет.
  • Google Business профил. Поврзан со сајтот, со исто име, адреса и телефон.

Автосервис и вулканизер

Возачите најчесто сакаат брзо да проверат дали ја има нивната гума или кога има слободен термин. На сајтот на Магвер направивме пребарувач на гуми по димензија, дел за хотел за гуми и копчиња за повик на секој екран.

За автолимар е важно клиентот веднаш да види какви поправки правите. На limar.mk сите лимарски, лакерски и полирни услуги се наведени јасно, со директен повик од првиот екран.

Градежна фирма и продажба на станови

Купувачите тешко го замислуваат станот од табела со квадратури. За Барок Констракшн направивме интерактивна фасада: станот се избира директно на зградата и веднаш се гледаат површината, цената и дали е достапен.

Што уште треба: локација на мапа со растојанија до важни места, информации за паркинг и гаража и едноставен начин да се закаже разгледување.

Кафич и ресторан

  • Мени што се чита на телефон, а не PDF што треба да се зумира.
  • Работно време, адреса и мапа на видливо место.
  • Копче за резервација или повик.
  • Фотографии од просторот и од храната, во стилот на вашиот бренд.

Услуги што тешко се објаснуваат

Ако вашата услуга е нова за пазарот, сликата објаснува подобро од текстот. На сајтот на DroneWash дронот ја чисти зградата додека посетителот скролува. Услугата се разбира за неколку секунди, без долг опис.

Ви треба веб-страница, бренд или содржина?Првите 15 минути разговор се бесплатни.
Побарај понуда ↗
// Контакт

Да почнеме со
15 минути разговор.

Бесплатно и без обврска. Кажете ни што ви треба, а ние ќе ви кажеме како и колку чини.

Најчесто одговараме во рок од 2 часа · пон–саб

Или оставете поракаЌе ви се јавиме ние
Ви треба
Јави сеПиши ни